#53 Лице в лице – дигитално издание

100 ден

Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!

Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд.

Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила, а зборува за потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението – Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани.
Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место.
Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој.

Електронското издание подразбира PDF верзија на списанието, кое го добивате на Вашиот профил на сајтов, и може да го симнете веднаш откако ќе ја направите нарачката.

28 продадени во последни 3 минути

Вклучи износ за донација во својата кошничка

Твојата донација ја вложуваме во социјалната иновација Социјално менторство, преку која се менторираат продавачите на „Лице в лице“ и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд, како и во други развојни програми во рамките на нашата платформа.

Кликни на копче со износ, а потоа на копчето „Донирај за ЛВЛ“. Така во кошничката на нашата е-продавница на сајтов ќе додадеш производ донација. Потоа продолжуваш до кошничката и ја комплетираш нарачката. На крајот плаќаш со картичка.

Така, успешно ја комплетираш својата донација за „Лице в лице“. За помош, контактирајте нѐ на [email protected] или на 02 2 466 444.

100 ден
300 ден
600 ден
1,000 ден
3,000 ден
6,000 ден
44 се на оваа страна
Донирај за ЛВЛ