#55 Лице в лице – печатено издание

150 ден

Овој број е посветен на новата транзиција која ни претстои – економија фокусирана на човекот

„Лице в лице“ број 54 ја носи приказната за новата работна сила, за турбуленциите на пазарот на труд и недостигот од работници коишто ги изместија работодавците, пазарот на труд и општествата, генерално.
Од една страна, се соочуваме со одлевање на работната сила, а од друга, бизнисите не успеваат секогаш да разберат што им треба на нивните вработени за да чувствуваат дека припаѓаат во работната средина.
Исто така, податоци од релевантни извори упатуваат дека вклученоста на работникот на работното место го засилува чувството на припадност во една компанија. Чувството на припадност, пак, ја засилува мотивацијата, а мотивацијата влијае на ефикасноста.

Програмите за трансформација на работната култура се дел од програмите за диверзитет и вклучување, кои стануваат сè поактуелни во западноевропските земји, пред сè, поради проблемот со недостиг од работна сила, потребата да се задржуваат талентираните луѓе и да се привлекува нов кадар. Овие програми даваат одговор на потребите на новата работна сила и го засилуваат капацитетот на менаџментот да создава услови и работна култура фокусирани на човекот. 

 

66 продадени во последни 3 минути
42 се на оваа страна
Опис

Овој број е посветен на менталното здравје

„Отплеткај се! Земи што ти треба“ е мотото на 55. издание на „Лице в лице“, кое ја носи темата ментално здравје.
Ова издание е кокреирано со низа експерти од областа, психолози, истражувачи, тренери за личен и професионален развој, со вклучување вистински искуства кои публиката на „Лице в лице“ ги сподели со нас…
Студија на Светскиот економски форум и на Харвардската школа за јавно здравје се очекува трошоците поврзани со состојбите на менталното здравје да пораснат на шест трилиони долари глобално до 2030 година. Ова го прави лошото ментално здравје поскапо од ракот, дијабетесот и респираторните заболувања заедно. Ваквите прогнози покажуваат колку е значајно да се инвестира во превенција и грижа за менталното здравје, со цел да се намалат и економските и социјалните последици од оваа растечка криза.

Заедно со новото издание, ја промовираме и новата веб платформа на „Лице в лице“, кампањата „Земи што ти треба“, која ја кокреиравме со Националниот младински совет на Македонија, како и соработката со „Разговор.мк“.

Донирај за ЛВЛ