Панк, сексуалност и перформанс – отворање на „Викендот на гордоста – Скопје 2025“

Со изложба за панк-супкултурата и социјализмот, денеска во 20.30 часот во Музејот на современа уметност започнува фестивалот „Викенд на гордоста- Скопје 2025“. Поставката „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. Архиви и фотографија од Словенија“, ги истражува врските меѓу панкот, ЛГБТ+ активизмот и политичкиот отпор во поранешна Југославија. курирана од Марина Гржиниќ и Славчо Димитров.
– Во МСУ изложбата е прилагодена на темите на сексуалност, супкултура и телесен перформанс и нагласува како фотографијата ја обликувала естетиката и политиката на панкот: документ на бунт, критика и самоизразување. Преку архивски слики од концерти, протести и улични собири, се прикажува животот на една сцена што истовремено ги предизвикувала нормите и ја градела колективната меморија – објаснуваат организаторите Коалиција Маргини.
Фестивалската програма продолжува утре, 4-ти јуни во КСП „Јадро“, кога ќе се одржи меѓународниот симпозиум „За квир културата, Балканот, Источна Европа и глобалните транс побуни“, со учесници од Словенија, Германија, Австрија и Шпанија, кои ќе зборуваат за квир отпорот, телото, уметноста и идни политички стратегии.
Фестивалот ќе трае до 14 јуни, со богата програма низ неколку културни простори во Скопје: МСУ, МКЦ, „Јадро“ и Театар „Комедија“.
Повеќе информации на овој линк.