Доза вести

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ – добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2023

Нашата Платформа за одржлив развој, „Лице в лице“, и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, која е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, соопшти Министерството за култура.

Претседателка на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ е Александра Цветановска.

Наградата ќе биде врачена на 10 декември (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Напишете коментар