Почина новинарот Саше Димовски

По долги и тешки здравствени компликации, на 47-години почина новинарот Саше Димовски.
Следењето на случувањата во правосудниот систем беше една од дејностите по што јавноста ја препознаваше неговата работа.
Беше Претседател на Совет на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, а беше основач на Сведок.мк.
Беше и долгогодишен соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството и автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши утре, 7 август на новите Градски гробишта во Велес.