Доза вести

Професори во пензија – активни едукатори за основци и средношколци

Новата онлајн платформа на Едукативниот клуб „Импакт“ почна да нуди различни образовни услуги за ученици од основно и средно образование меѓу кои: помош при пишување домашни задачи, помош при читање и пишување, подготовка за писмени, тестови и контролни задачи и дополнителни часови за училишните предмети.
Импакт Едукативен Клуб е социјално претпријатие кое нуди образовни услуги за ученици од основно и средно образование и е во сопственост на здружението на професионалци консултанти „Подготвеност за Европа“.
Ова претпријатие се стреми кон промовирање инклузивен и одржлив економски раст, вработување, пристојна работа за сите и промовирање инклузивно и еднакво квалитетно образование.

Нашата мисија е насочена кон социјална инклузија на повозрасните и пензионирани лица, невработени и лица со ниски примања на кои им се овозможува работен ангажман во образовниот процес., велат од Едукативниот Клуб Импакт.

Она што го прави ова претпријатие различно се долгорочните придобивки за сите вклучени страни.

Вработените едукатори/предавачи се професионални и искусни лица кои имаат долгогодишно работно искуство во образовниот систем. Тие се поранешни професори, веќе пензионирани или невработени. Со овој пристап им се овозможува на едукаторите работен ангажман, активно, здраво и исполнето стареење и споделување на животното искуство со помладите.

Освен вработените во Едукативен Клуб Импакт придобивки имаат и родителите и нивните деца кои ќе стекнат знаење со помош на искусни едукатори, како и животно искуство, животни вредности, грижа и емпатија. 

Адреса на онлајн платформата: www.impakt.mk

Image by pressfoto on Freepik

Напишете коментар