Посакајте Среќна Нова 2024 – офлајн!
Во ера на интензивна дигитална комуникација, едно од ретките парчиња хартија што може да го продлабочи чувството на поврзаност е Новогодишната „Лице в лице“ честитка.
Ефектот на електронската минливост го менуваме со посветеност и вредност што ги зајакнува односите со нашите блиски, со пријателите, со соработниците.
И оваа година, „Лице в лице“ овозможува да одберете опција која најмногу ви одговара. Ване Костуранов, Иван Петрушевски Флим, Георги Равански, Зоран Инадески, Руки Чуки, Ва Дот… Мотиви на македонски дизајнери низ кои циркулира топлина потребна за зимските месеци.
Со избирање традиционална „Лице в лице“ Новогодишна честитка, изработена од рециклирана хартија, избирате да ја манифестирате и својата еколошка одговорност.
Исклучи се – за да се поврзеш!