Доза вести

Пријавете се на креативен бизнис куп!

Време на читање: 2 минути

Инспирирани од глобалните случувања во секторот култура и креативни индустрии, но, поради ограничените национални можности за домашните претприемачи кои работат во овие области, Лабораторијата за социјални иновации СмартАп во партнерство со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ го организираат првиот Креативен бизнис куп Северна Македонија 2021. 
Настанот ќе се одржи на 21-ви мај и претставува единствен меѓународен натпревар за иновативни деловни идеи, производи или услуги од креативните индустрии кои имаат потенцијал да растат на глобално ниво.

Се организира годишно во повеќе од 70 земји и за прв пат се случува во земјава, под капата на Creative Business Network (CBN),  а е локално поддржан од Град Скопје.

Oтворен е за претприемачи кои работат во културата и креативните индустрии како архитектура, занаетчиство, дизајн, технологии на искуства, мода, филм, гастрономија, компјутерски игри, 3Д, играчки и игри и други.

Креативниот бизнис куп ќе избере 10 финалисти од сите примени апликации, кои ќе бидат поканети да го презентираат својот бизнис пред жири составено од домашни и странски експерти, инвеститори, претприемачи.

Пред тоа, финалистите ќе бидат поканети да учествуваат на онлјан академија каде што со помош на ментори ќе работат на подготовка на својата презентација за Купот, а воедно ќе се стекнат со знаење за развој на своите бизнис модели и стратегии за раст.

​За време на академијата, финалистите ќе имаат можност да бидат дел и од неколку тематски сесии со говорници од дома и странство.

Победникот на Националниот Куп ќе добие место во Глобалната акселераторска програма, ќе ја претставува земјава на глобалното финале и ќе добие билет за индустрискиот форум BRIGHT кој ќе се одржува во Копенхаген, Данска во јуни.

Тимовите од второ и трето место ќе добијат карта за присуство на глобалното финале 2021 година, и можност да се состанат и да се поврзат со претприемачи, инвеститори и ментори од над 80 различни земји.

Поради посебните околности оваа година, Националниот Куп 2021 година ќе биде целосно виртуелен – можност да го следат партнерите од мрежата од останатите 70 земји!


Линк до натпреварот


Директен апликациски линк


Линк до објава на настан на фејсбук за следење на сите детали

За повеќе прашања, придружете се на информативна сесија на 22.04.2021 од 17:30 часот на Платформата ZOOM (линк за регистрација).

Напишете коментар