Доза вести

Прилеп, нов град во продажната мрежа на „Лице в лице“: кога мотото е доволно за нов почеток

Време на читање: 2 минути

„Лице в лице“ ќе се продава и во Општина Прилеп и Центарот за развој и едукација Прилеп е новата партнерска организација за продажба и дистрибуција на „Лице в лице“. Продавачите од оваа организација ќе можат да се стекнат со вештини за продажба, ќе имаат можност да заработуваат и ќе бидат дел од мозаикот на успешни приказни.

Кога го слушнавме мотото „Нема поголема радост, ниту поголема награда од правење позитивнa променa во нечиj живот”, од кое се води здружението Центар за развој и едукација Прилеп, сфативме дека „сме се нашле“.
Уште при првите разговори, видовме дека заеднички можеме да поттикнуваме дијалог, да создаваме соработки и мрежи преку заеднички акции кои ги поврзуваат  активистите, граѓанското општество, интелектуалците, уметниците, академската јавност, професионалците, граѓаните, претприемачите, бизнисите, институциите. Тогаш помисливме и дека ова мора да биле отсекогаш наши партнери!

„Лице в лице“ ќе се продава и во Општина Прилеп и Центарот за развој и едукација Прилеп е новата партнерска организација за продажба и дистрибуција на „Лице в лице“. Продавачите од оваа организација ќе можат да се стекнат со вештини за продажба, ќе имаат можност да заработуваат и ќе бидат дел од мозаикот на успешни приказни.

Запознајте ги нашите нови партнери!

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп обезбедува социјални услуги за градење инклузивно и праведно општество, преку обезбедување на пристап до можности и услуги за ранливите групи на граѓани. Организацијата обезбедува рамноправно вклучување на сите лица во заедницата, спроведува иницијативи во партнерство со локалните општини, јавните институции, бизнис заедницата и граѓанските организации.

Здружението Центар за развој и едукација Прилеп исто така е и давател на социјалната услуга Помош и нега во домот.
Дел од нивните активности се и: спроведување верификувана програма за образование на возрасни Негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица; обезбедување информативна и советодавна поддршка; обезбедување социо-здравствени услуги – медицинска сестра во заедницата, физиотерапевт, психолог и социјален работник во домот. Понатаму, организацијата спроведува иницијативи за помош на лица во социјален ризик. Тие се и креатори на дигиталниот простор ehelp.mk.

Со број 57, кој излегува деновиве, со Центарот за развој и едукација Прилеп стануваме партнери во продажба и дистрибуција на „Лице в лице“ на територијата на општина Прилеп.

Се читаме во Прилеп!

Напишете коментар