Проекција на филмот „Џипси квин“ на отворено во Градскиот парк во Скопје
Институтот „Ромалитико“ вечер во 20.30 часот организира кино на отворено на Школка во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Џипси квин“ (Gipsy Queen).
Како што информираат од Институтот „Ромалитико“, филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Нетфликс, е прва премиера во земјава.
Филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот ја толкува главната э лога, е повеќекратно наградена во категоријата „Најдобра актерка“.
На настанот предвидена е и донаторска акција каде што секој од присутните ќе има можност доброволно да донира за две одделни акции.