Доза вести

Промоција на две книги за деца во „Бостание“

Време на читање: < 1 минута

Промоција на две книги за деца, „Семчињата“ и „Облакот и сончевата светлина“, како и правење семенски бомби и други забавни и образовни активности ќе се одржат оваа среда, 29-ти јуни 2022, со почеток во 19 часот во Општествената градина Бостание во Скопје.

Авторка на книгите за деца е Венета Иљовска, а на настанот кој е објавен на социјалните мрежи се вели:

– Активностите подразбираат работа со земја и глина, така што ве молиме дозволете им/си на децата и на себе малку кал по дланките и облеката. Своевидни содомаќини се и децата, кои градинарат во општествената градина Бостание, па ги канат сите дечиња од 5 до 10 годишна возраст и нивните братчиња, сестричиња, роднинчиња и задолжително нивните другарчиња, да не ги заборавиме и нивните родителчиња на промоцијата.

Настанот го организира Центарот за културно наследство АКСИОС, а Општествената градина „Бостание“ се наоѓа на оваа локација.


Во 48. издание, „Лице в лице“ објави повеќе за работата на „Бостание“. Текстот може да го прочитате на линкот подолу, или да ја купите електронската верзија на тоа издание.

Повеќе градинарство – повеќе серотонин!

Напишете коментар