Доза вести

Промоција на Основна студија за социјални претпријатија во Македонија

Време на читање: < 1 минута

На утрешна конференција во х. Александар Палас, што ја организира Националниот младински совет на Македонија, (НМСМ), во 10 часот, ќе биде претставена и промовирана Основната студија за социјални претпријатија во Северна Македонија, изработена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, имплементиран од НМСМ.
Преку Основната студија за социјалните претпријатија во Северна Македонија се изврши мапирање на социјалните претпријатија во Северна Македонија со посебен фокус на младите. Како комплементарен продукт на студијата е и регистарот за социјални претпријатија, прв од ваков вид во нашата држава, кој има за цел да ги синтетизира основните информации за социјалните претпријатија кои се јавно достапни за пошироката јавност.
За време на конференцијата ќе биде претставена и платформата mladipretpriemaci.mk која ќе служи како crowdfunding платформа за идеи за воспоставување на социјални претпријатија во Северна Македонија, но и платформа каде ќе може да се прибира капитал за унапредување на услугите/продуктите на веќе почестоечки социјални претпријатија.

Дополнително, на настанот ќе се претстават и идеите на десетте добитници на грантови преку проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, а фокусот ќе го стават на нивните услуги/продукти и иновативни идеи кои ќе ги донесат на пазарот во Северна Македонија.
Проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, поддржан од Европската Унија, се стреми да обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување.

Напишете коментар