Доза вести

Прослава на „Стоп за Вардариште“

По речиси 40 дена активистички блокади и јавен притисок, надлежните институции започнаа со расчистување на депонијата Вардариште, велат од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“. По овој повод, од таму известуваат дека денеска во 18 часот, на раскрсницата на булеварот „Србија“ и паркот „Авионче“ ќе се организира, последната блокада:

– За сега овие блокади ќе запрат, но доколку не се постапува по ветеното, веднаш се враќаме. Дојдете на оваа петочка блокада заедно да прославиме за успехот што го постинавме во минатиот период – велат организаторите.


Според нивните информации, веќе се преземени првите конкретни чекори: Почнато е затворање на влезот од страната на железничкиот мост; Поставена е камера на влезот од ЈС „Актуел“; Полицијата обезбедува уште еден пристапен влез; Очекувања се дека на следниот владин совет ќе биде изгласан план за хумано иселување и згрижување на диво населените жители; Забраната за движење ќе остане на сила до конечна санација; Во план е санација и чистење на депонијата во три фази.

    Активистите ги повикуваат граѓаните да се придружат на денешната блокада, која овојпат ќе има прославен карактер, во знак на успехот што заедницата го постигна во изминатиот период. Организаторите апелираат за поддршка во организацијата на настанот преку обезбедување озвучување, повикување музички групи, делење храна и пијалоци, како и други форми на индивидуален придонес.

    Нагласуваат дека ова е само прв чекор кон конечно решение за Вардариште и повикуваат институциите да продолжат со транспарентна и одговорна реализација на најавените активности.

    Напишете коментар