Раната детекција и соодветен третман на канцер може да спасат 3,7 милиони животи годишно
ГЛОБАЛНАТА ПАНДЕМИЈА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРИЧИНА ГОДИНАВА ДА СЕ ПОСВЕТИ ПОМАЛКУ ВНИМАНИЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 4-ТИ ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАК WORLD CANCER DAY , ГЛОБАЛНА ИНИЦИЈАТИВА ПОСВЕТЕНА НА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА, ОХРАБРУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ ЗА СВЕТ БЕЗ КАНЦЕР.
Речиси една година темите поврзани со COVID-19 доминираат во медиумите, особено во областа на здравството.
Глобалната пандемија, пак, во никој случај не смее да биде причина годинава да се посвети помалку внимание на одбележувањето на 4-ти февруари, Светскиот ден за борба против рак World Cancer Day , глобална иницијатива посветена на подигнување на свесноста, охрабрување на активности и иницијативи за свет без канцер.
Оваа година темата на Светскиот ден за борба против канцерот е „Заедно, сите наши активности се значајни“.
Канцерот предизвикува огромно страдање за луѓето што се директно засегнати од болеста, но, и за нивните најблиски. Сите ние може да придонесеме со заеднички сили да го превенираме ова страдање. Со години наназад, излекувањето или елиминирањето на било кој канцер изгледаше само како неостварлив сон. Меѓутоа, тоа почна да се менува. Напредокот во разбирањето на биологијата на туморите и што е она што ги предизвикува, дијагностиката и новата ера на таргетирани (целни) и имунотераписки третмани, означува дека тој сон почнува да станува реалност.
Светскиот ден за борба против канцерот е можност да се потенцира што сè е до сега направено и иновациите кои овозможуваат подобар живот за пациентите.
Тоа е исто така можност заеднички да ја покажеме нашата поддршка за посветеноста и револуционерни откритија за подобрување на грижата за пациентите со канцер. Оваа поддршка го означува нашиот стремеж кон една нова реалност, во која ќе биде овозможен пристап до најсовремените решенија за грижа за пациентите со канцер и каде со навремена дијагностика и соодветно лекување може да се превенираат милиони смртни случаи, последица од канцер.
Што се случува кога преземаме акција?
Повеќе од една третина од случаите на канцер може да бидат превенирани. Уште една третина може да бидат излекувани доколку се откријат навремено и се лекуваат соодветно. Со имплементирање на стратегии за превенција и правилно алоцирање на средствата, со раната детекција и навремен соодветен третман може да се спасат до 3.7 милиони животи годишно.
Напредок
Денес, знаеме за канцерот повеќе од било кога порано. Со инвестирање во истражувања и во иновација, сведоци сме на извонреден напредок во медицината, дијагностиката и во научните сознанија за канцерот. Колку повеќе знаеме, толку може да постигнеме поголем напредок во намалување на факторите на ризик, зголемување на превенцијата и подобрување на дијагностиката за кацер, тераписките можности и грижата за пациентите.
Импакт
Од неодамна, Обединетите Нации, Светската здравствена организација и други УН агенции ја препознаваат итната потреба за глобална заложба и акција. Кога лидерите зборуваат и преземаат акција, сите ние имаме шанса да придонесеме за создавањето на историја и да направиме исчекор кон еден свет без канцер.
Еднаквост
Повеќе од половина (65%) од смртните случаи поврзани со канцер се регистрирани во најмалку развиените земји. Сепак дури и во земјите со поголеми приходи, постојат разлики. Подеднаквата достапност до превенција, дијагноза, третман и адекватна грижа може да спаси многу животи.
Промена
Преку подигнување на свесноста и разбирањето за канцерот кај општата јавност, но, и кај политичките чинители, може да го намалиме стравот, да го зголемиме разбирањето и да разбиеме многу митови и погрешни толкувања, а со тоа и да го промениме нашето однесување и ставови.