Актуелно

Само еден обичен „лајк”, или сепак не?

Сигурно повеќето од вас веќе го погледнаа филмот „Social Dilemma“ и беа во можност да ги видат екстремите на поларизацијата на луѓето во општеството кои живеат во своите меури –  испреплетени во нивните верувања, вредности и погледи на светот. Социјалните мрежи не само што го креираат, туку и помагаат да се оформи и зајакне чувството на припадност во еден „меур“ на истомисленици или слични луѓе на вас по боја, раса, пол, вера, социјален статус, политичка определба, работоспособност итн.

„Социјалните мрежи кои нè поврзуваат, исто така нè дефокусираат, монетаризираат, разделуваат, контролираат, манипулираат и поларизираат”

извор https://www.pinterest.com/pin/566186984410619510/

Она што е интересно е дека социјалните мрежи ги користат токму овие потреби кај човекот, некаде да припаѓа, да биде дел од нешто поголемо, а сепак, да биде свој и посебен, додека истовремено помага и работи на остварувањето на некоја поголема цел, со што лесно влегува во „замката“ на нормализација на некои работи кои, да речеме, се инаку далеку од нормални. Но, со самото тоа што наоѓа други кои ги прават овие работи или ги имаат тие верувања, на некој начин го оправдува своето поведение.

Но, колку и дали денес може човек да излезе од овој меур? На социјалните мрежи ги има лајкнато сите страници каде се наоѓаат луѓе со негов поглед на светот, дури и традиционалните медиуми се сегментирани доволно така што секој наоѓа сегмент, канал, медиум согласно неговите верувања. Сè повеќе сме сведоци на раст на интернет телевизијата и на сервисите како AppleTV, Chromecast, Netflix, па сè до NEST и разните IoT сервиси сè повеќе го опфаќаат целокупното наше живеење и го прават нашиот живот полесен врз основа на нашите навики и интереси. 

Сето ова навидум изгледа како да го подобрува квалитетот на животот, но со зголемување на разликите и нивното потенцирање на различноста на „другиот“, без притоа да постои еден општоприфатен код на однесување и заеднички вредности, општествата запаѓаат во поларизација, раслојување и конечно, до распад. Дури и во најдемократските земји во светот, поделеноста на општеството е сè повеќе евидентна. 

Така, сведоци сме на Брегзит и улогата на „Кембриџ аналитика“ во претходните избори, за денес да прерасне во оспорување на изборниот процес во САД – нешто што се сметало за основен столб на една од најнапредните демократии. Потоа сведочиме технолошки, трговски, економски, но и конвенционални војни, загрозувајќи ја иднината на сите. Поголемиот број луѓе кои веруваат во теории на заговор, не веруваат во глобално затоплување и климатски промени… 

Запознајте го Макс Хокинс кој пронаоѓа начини за тоа како да се излезе од меурот во кој нè смести дигиталниот живот. Тој исто така го смисли терминот „Bubble-hopping” или „Скокање во меурот на другиот”. Доколку сакате да научите како да излезете од сопствениот меур и да влезете во тој на другиот со цел да постигнете разбирање на подлабоко ниво, прочитајте за методот „Bubble-hopping“ и како таа се користи од страна на престижната Стокхолмска економска школа.

Технологијата не е добра или лоша сама по себе, тоа зависи од луѓето кои ја користат 

Затоа, наредниот пат кога „Фејсбук“ ќе ви сервира вест со која целосно се согласувате или пак ја осудувате, обидете се да го препознаете својот дигитален меур и размислете како ќе изгледаше светот без социјалните мрежи. И можеби да се сетите како беше пред нив. Секако, ако сè уште можете.

CHIANG MAI, THAILAND – SEPTEMBER 24, 2014: Like us on Facebook icon on white dish, Facebook is a popular free social networking website in the world

PS. Доколку после текстот се запрашавте што Фејсбук знае за мене и како рекламите стигнуваат до мене, во продолжение е кратко упатство каде може да проверите.

Упатството е на направено на Фејсбук сетиран на англиски јазик!

Прво е потребно да ја стиснете стрелката надолу горе десно на вашиот екран на десктоп верзијата на Фејсбук:

Изберете Settings & Privacy
Изберете Settings
Некаде подолу во екранот изберете Ads

Кога ќе го изберете Ads го до добивате следниот екран.

Advertisers се поделени на оние од кои во последно време највеќе гледате реклами. Адвертајзери кои сте ги сокриле од било која причина и последно Реклами на кои сте кликнале!

Во вториот дел Ad Topics може да изберете теми на кои би сакале помалку реклами да ви се прикажуваат.

Третиот и можеби најинтересен и сигурно најсодржаен е поделен во податоци кои Фејсбук ги дава/добива од партнери, други веб страници, апликации каде сте најавени и правите интеракции преку вашиот Фејсбук и/или Инстаграм профил. Доколку не сакате, можете да го исклучите. Со само еден клик нели 🙂

Категории кои се користени за да стигне рекламата до вас. Тука може да ги видите информациите кои Фејсбук ги има за вас и врз основа на кои рекламите пристигнуваат до вас. Најинтересните Interest Categories и Other Categories. Подгответе се да бидете запрепастени што сè Фејсбук знае за вас и она што нас лично не интересира како побогу го знае ова? 🙂

Во делот Audience – based advertising ќе ги најдете сите бизниси/компании во чија таргет публика се наоѓате, било преку меил, име, презиме, телефонски број, било да ве таргетирале преку Фејбук или сопствена листа која ја аплоадирале на Фејсбук. Највеќе што тука можете е да ја хајднете нивната реклама и доколку не сакате да ве таргетираат со реклами низ интернет просторот тогаш да ги контактирате или да си го проверите профилот таму да изберете дека не сакате да бидете таргетирани.

Последната е Ads shown off of Facebook за реклами кои ви се прикажуваат надвор од Фејсбук, вообичаено на мрежата на нивни партнери и тука доколку не сакате да добивате вакви реклами може да го сетирате со избирање Not allowed.

P.P.S. Не заборавај да станеш член на нашата заедница!

Напишете коментар