Се одбележа Меѓународниот ден на младите: Младите се суштината на иновацијата!
Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки.
Ова беше во фокусот на петочниот настан по повод Меѓународниот ден на младите, (11 август), што се одржа во градскиот парк – Школка. Настанот беше организиран од, Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и (МОФ) во партнерство со Агенцијата за млади и спорт (АМС), Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.
„Младите ја олицетворуваат суштината на иновацијата, бестрашно уриваат бариери за редифинирање на иднината. Вашиот незадржлив жар ве омоќува да ги предизвикате нормите, да ја насочите социјалната промена и технолошки напредок кој го одредуваат патот кон одржлив развој на човекото општество. Сите ние имаме обврска да создадеме простор и можност за младите да ги остварат своите потреби, соништа и амбиции“, истакна Моника Сандри, Привремен вршител на работата Постојан координатор на Обединетите нации, која се обрати веднаш по краткиот музички вовед со звуците од хармоника на младиот Алдин Мурати.
„Денот на младите нека биде потсетник дека 364 денови работиме за младите, им даваме шанса на млади и ве охрабруваме да бидете гласни, да ние институциите го слушнеме вашиот глас, да сте слободни во тоа што го правите и преку креативниот порив заедно да изградиме прогресивно општество по ваша мерка“, посочи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојскоски.
Околу 100тина млади лицна присутни во Градскиот парк имаа можност да се запознаат и со процесот на изработка на Националната стратегија за млади 2023-2027, преку кратка презентација од страна на Гордана Цекова од Агенцијата за млади и спорт. Цекова истакна дека се работи на акциски план кој моментно е во Владина процедура, а се очекува да биде усвоен во септември.
На настанот се додели и Наградата за младинско учество која препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат во три категории: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.
Во индивидуалната категорија за млади, добитник на наградата е Гоше Николов, младински активист и креактор зад содржината на Инстаграм платформата „Студентарија“, кој истакна дека ако со едно меме можеме да предизвикаме реакција, тогаш замислете што може да се случи со сите средства што стојат на располагање за младите.
Во категоријата на неформални групи на млади, добитниците на наградата се Училишниот спортски клуб ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, кои истакнаа дека ќе продолжат со нивната цел, а тоа е вклучување на повеќе ученици со посебни потреби во спортот и спортските активности.
Во категоријата на младински организации, организации за млади и чадор организации, добитници се Здружениe на граѓани Младите можат, кои истакнаа дека ваквото признание навистина ни укажуваат на тоа дека не треба да губиме поттик и мотив и мотицација да не се откажеме никогаш.
По доделувањето на наградите, присутните имаа можност да ги посетат промотивните штандови на младински организации и институции што спроведуваат активности за млади и одблиску да се запознаат со нивната работа.
Вечерта продолжи со музичкиот дел на настанот со прогресивните рок звуци на Рома рок скул и Димиш од колективот Гола Планина како и вкусна закуска подготвена од млади луѓе што поминаа обука за кулинари под менторство на искусни шефови од FJ Culinary Consultants.