Социјалното менторство – светлина на крајот од тунелот
Економското зајакнување на жените е клучот за излез од комплексната и навидум безизлезна ситуација во која се наоѓаат жените жртви на семејно насилство.
Социјалното менторство ја има моќта да трансформира состојби и да продуцира позитивни промени.
Погледнете го анимираното видео на UN Women кое носи сведоштва за поинаков живот, во рамки на регионалната програма „Имплементирање норми, менување ставови“ финансирана од ЕУ, од која дел беше и „Паблик“, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој.
Актуелното издание на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“ е посветен на темата родова рамноправност.
Овој број става акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои носат кон поеднаков и поправеден свет.