Доза вести

Стартува деветтото издание на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“

Време на читање: < 1 минута

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно во живо. По минатогодишното онлајн-издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомври во Скопје, на добро познатите локации: во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во киното „Милениум“.
Веќе неколку дена е објавен повикот со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири.

Во намален број заради протоколите за безбедност, околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини.

За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите.

Пријавувањето е отворено до денес, 4 октомври.

Напишете коментар