Струшките спортисти го организираа Првиот спортски фестивал Илинден 2022
Мотото на манифестацијата е „По врвиците на борбата за македонска државност”, а се организираше како израз на почит и сеќавање на револуционерната борба за државност и самобитност, на сите кои со својата борба и саможртва во двата Илиндена ја создадоа македонската држава.
Стружани на почетокот на месецов го организираа првиот Спортски фестивал Илинден 2022. Големиот културно историски хепенинг годинава беше под мотото: „По врвиците на борбата за македонска државност”, а се организира како израз на почит и сеќавање на револуционерната борба за државност и самобитност, на сите кои со својата борба и саможртва во двата Илиндена ја создадоа македонската држава.
Планинари, кајакари, велосипедисти, професионлци и аматери на 1 август одржаа разни спортски активности на локалитетите, каде се одвиваа едни од најголемите битки во струшко.
„Тргнавме од Мостот на поезијата во Струга, кајакарите запловија по реката црн Дрим, велосипедисти и планинари по соодветни патеки и сите заедно но по различни патеки стигнавме до Глобочица, каде имавме прослава“, вели Коста Хиохи организатор на Спортски фестивал Илинден 2022.
Ги посетија сите значајни места за историјата на Македонија и македонскиот народ: спомен-обележјата и гробовите во Ташмаруништа каде се погребани востаниците од Ложани и Драслајца загинати во една од најголемите битки за време на Илинденското востание, беше посетено спомен-обележјето во Локов, каде е формирана Првата македонска ударна бригада, и селото Селци, родното место на Војдан Чернодрински.
„Идејата беше да се направи едно обединување на сите спортски чинители во градот Струга, односно на сите ние кои практикуваме спортови како планински велосипедизам, кајакарење, цуп веслање, ланинарење и заедно да оддадеме почит на нашите претци“, вели Хиохи.
Целта на ова обединување на сортистите по вода и копно е верно чување на богатата историјата, но и промовирање на природните убавини на струшкиот крај.
Новинар: Соња Рилковска