Корупција - слика

Корупцијата не е бројка – тоа е човечка цена: повик за анонимни сведоштва и искуства

Вашите приказни ќе ни помогнат да разбереме како политичката корупција навистина изгледа на терен, како ги обликува секојдневните животи, и што можеме колективно да направиме за да изградиме институции што функционираат, штитат и служат. Овој прашалник има една јасна цел: сложените, фрагментирани и често нечитливи податоци да се претворат во човечки гласови, силни наративи и јасни пораки кои ќе ја поттикнат јавната свест, отчетноста и позитивната промена.
Продолжи

Живот на државна помош: раскажете ја вашата приказна и дајте глас на промена

Гарантираната минимална помош е државна поддршка за најранливите семејства со најниски приходи. Повеќе од 33.000 семејства во нашата држава ја примаат оваа помош. За ова, државата издвојува над 82 милиони евра годишно. За едни тоа значи оброк, лекови или школување за дете. Но прашањето е: дали оваа помош води кон работа и независност или ги задржува луѓето во сиромаштија? Со овој прашалник сакаме да ги слушнеме вашите искуства. Одговорите ќе ни помогнат да ја разбереме вистинската слика и да предложиме решенија што носат промена, а не само привремено преживување.
Продолжи