Живот на државна помош: раскажете ја вашата приказна и дајте глас на промена
Гарантираната минимална помош е државна поддршка за најранливите семејства. Повеќе од 33.000 семејства во нашата држава ја примаат оваа помош. За едни тоа значи оброк, лекови или школување за дете. Но прашањето е: дали оваа помош води кон работа и независност или ги задржува луѓето во сиромаштија?
Со овој прашалник сакаме да ги слушнеме вашите искуства. Одговорите ќе ни помогнат да ја разбереме вистинската слика и да предложиме решенија што носат промена, а не само привремено преживување.„Лице в лице“ ќе ги собере и анализира податоците и ќе објави новинарски содржини на нашата платформа и социјалните мрежи. Одговорите се целосно анонимни и нема да се поврзат со вашето име или лични податоци. На крајот на прашалникот можете, ако сакате, да оставите контакт за дополнителни прашања или разговор.
- „Преспански аванТУРИ“: Инклузивна велосипедска тура за лица со и без попреченост
- Пратеници.мк: Новa дигиталнa алаткa за следење на работата на Собранието
- Индира Кастратовиќ: Спортот прво учи на човечност, па на победи
- Повеќе од четири децении уметност: Почнува 37. Ликовна колонија „Галичник“
- „Само сонот е стварност“ е пораката со која „МакеДокс“ го најавува своето 17. издание