„Стрип Трип“ отвори конкурс за стрип корица: Креирај нов еко-суперхерој и освои награда
Фестивалот „Стрип Трип“, го отвори новиот конкурс за изработка на стрип корица, овојпат со фокус на создавање нов еко-суперхерој. Учесниците треба да осмислат оригинален лик и да го претстават преку креативна стрип-корица, а најдобрите ќе освојат парични награди и шанса нивниот јунак да стане дел од серијалот „Тим ЕКО“.