Скопје ќе дише поезија: Над 100 поети од 8 земји на Скопски поетски фестивал
Со мотото „(Со) стих спроти наратив“, фестивалот ја отвора врската меѓу поезијата, политиката и пропагандата. Шестото издание ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај во МКЦ и „Буква“, во Скопје, а градот со ова станува регионален центар на поетскиот израз, со богата програма, интернационални читања и нови книжевни изданија.