„Опстанокот е можен само ако си поинаков“ – „Умно.мк“ пет години гради медиум со доверба и без кликбејт
Без кликбејт, без политички додворувања, но со верна публика – „Умно.мк“, пет години опстојува како редок пример на медиум за образование, наука и култура. Со основачките на овој медиум, зборуваме за предизвиците, за алгоритмите и за иднината на новинарството.