Кој ја слуша женската сцена? „Женски Земјотрес Битола“ отвора простор за гласовите што недостигаат
Третото битолско издание на „Земјотрес“ доаѓа со фокус на родовата еднаквост во музиката, комбинирајќи концертна и дискурзивна програма. Фестивалот не само што ги претставува најзначајните женски гласови од домашната сцена, туку отвора и прашања за структурните предизвици, дисконтинуитетот и потребата од системска поддршка за музичарките.