Доза вести

Уметнички крик за спас на Охридското езеро!

Време на читање: 2 минути
- банер -

Во рамки на петдневната програма “Раздримување”, како дел од фестивалот „Дрим Он“, викендов во Струга се случи изложбата “Раздримување – колективна игра”.
Инсталацијата е колаборативно дело на петмина визуелни уметници и учесници, Филип Велковски, Сали Ертунч, Милко Нестороски, Викторија Попоска и Горан Ристовски, кои беа предводени од темата „Естетското и етичкото во ангажирната уметност“.

Процесот на создавање претставува експериментален и истражувачки пристап на визуелни сензации кои овозможуваат разновидни перцепции. Специфичноста на ова визуелно дело лежи во употребата на природните ресусрси: трска, камен, вода, тиња, кои носат силна порака за вредноста на природното богатство и важноста за поддигање на колективната свест, глобално, но и на локално ниво. Посебно врзано за нашиот третман и однос кон аларматната состојба на Охридското езеро.
Уметниците имаа за цел да испровоцираат размислување и да предизвикаат освестување кај јавноста, како и поттик на поголема колективна одговорност кон вредностите на регионот.

Историјата на езерото од своите длабочини носи наследство кое е препознаено и заштитено од УНЕСКО. Последниот извештај донесе поразувачки резултати и закана да биде ставено на листата на загрозени природни наследства, доколку во најскоро време не се преземат мерки и одговорности за заштита на езерото.

Напишете коментар