UN Women EXPO 2022: Пријавете се на Саем за женско претприемништво
Претприемачки од Југоисточна, Источна Европа и Централна Азија ќе имаат можност да се поврзат, заеднички да создаваат и да ги унапредуваат своите бизниси, на виртуелниот Саем за женско претприемништво Eкспо 2022, кој ќе се одржи во ноември годинава.
Oрганизаторите, Un Women, споделуваат дека саемот ќе донесе на едно место жени претприемачки и деловни партнери од Европа и Централна Азија, почитувајќи ги принципите на инклузивност, различност и заложбата никој да не биде заборавен.
„Експо се состои од серија локални и меѓурегионални активности за деловно работење и вмрежување и работилници за градење капацитети кои ќе им овозможат на фирмите, инвеститорите и жените претприемачки од регионот да стекнат нови сознанија и меѓусебно да се поврзат. Најважниот настан на Експо ќе се одвива во живо со овозможување на вмрежувањето и претставување на можностите за инвестирање“, пишува во пријавата за учество, која може да се најде на овој линк.
Заинтересираните претприемачки или жени сопственички на бизнис, како услови за квалификување за сите фази на Експо: е потребно да бидат во една од овие фази на развој,да имаат производ што може да се продава, да се во рана фаза (производот веќе е во продажба), да се во фаза на раст (да имаат приходи). Деталите се достапни во пријавата за учество која е достапна на овој линк