Доза вести

Вечерва во Струга се одржува настанот „Ноќ да блеснеш“

Вечерва ќе се одржи „Night to shine“/„Ноќ да блеснешкој претставува вечер посветена на лицата со посебни потреби, во организација на “Life Centre – Struga” и група волонтери.

Настанот се одбележува секоја година во февруари, петокот пред Денот на вљубените, и претставува и покана до заедницата која ги почитува и поддржува лицата со посебни потреби и нивните семејства.
Лицата со посебни потреби се специјални гости на вечерта, или, како што велат организаторите, раководители на организацијата “Life Centre – Struga”, тие се кралеви и кралици на вечерта, која вклучува црвен тепих и многу танцување.

Волонтерите даваат сѐ од себе оваа вечер да биде незаборавна.

„Night to Shine“ нуди и вечера за родителите додека тие уживаат да ги гледаат своите деца среќни.

На настанот „Ноќ да блеснеш“, што се одржува во Струга, учесници има од различни градови во Македонија, како Охрид, Дебар, Ресен, Битола, Кичево, како и од градови од Албанија.

Повеќе на линкот: https://timtebowfoundation.org/night-to-shine/

Напишете коментар