Во сеќавање на Мемет Камбер 2004 – 2023
Со тага и неверување споделуваме со вас дека од здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на „Дневен центар за деца на улица“.
Публиката на #Лицевлице го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало. Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него.
Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, уживаше во извидничките дружења, тука беше да сподели трик, шега, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа.
Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер.
Подолу е снимката од декември 2021, кога Мемед беше еден од продавачите на „Лице в лице“ во дружба со поетите Горазд Кени и Ана Голејшка Џикова
Дружење на Мемет и Ерџан со инстаграмџиките Марија и Стефанија
Прочитајте ја рап песната на Мемет, објавена во „Лице в лице“
Видео од рапувањето на Мемет, во епизодата „Три прашања со Кико“