Солидарната петорка од Волково – Пепи, Мариче, Кате, Горде и Анабела, се препознатливи за читателите на „Лице в лице“ кои се движат најмногу во центарот на Скопје. Едвај чекаат да помине пандмијата, па да продаваат пак заедно низ улиците на градот. Тие си даваат поттик и поддршка една на друга и речиси секогаш, се со насмевка на нивните лица.

Анабела и Горде пак, со почетокот на септември, се враќаат на улиците на Скопје за да продаваат #Лицевлице, за прв пат од март минатата година. Нетрпеливи се да ве пресретнат, ќе ги најдете на Плоштад, на улица „Македонија“ и низ ГТЦ.

Доколку пак, не и пресретнувате, можете да купите од нив, употребувајќи ги нивните кодови.

Марица, Горде, Анабела, Кате и Пепи од „Порака Неготино“ – Волково

Кодовите се KupivOd (и името на продавачката) – KupivOdPepi, KupivOdKate, KupivOdGorde, KupivOdMariche, KupivOdAnabela.

До неодамна, тие, наместо на продажба,  во својот дом во Волково имаат работилници кои опфаќаат арт терапија, па ако купите печатени изданија од нив преку онлајн продавницата, заедно со списанието, ќе ви стигне и цртеж или друга нивна рачна изработка.

– Работилниците нè мотивираат да бидеме трпеливи и да учиме нови нешта додека сме во изолација, а преку делата сме поблиску до нашите поддржувачи- е пораката на вредната петорка од Волково.

Прочитајте повеќе за нивните приказни на овој линк и овде.

Разгледајте ги опциите, потоа наполнете ја кошничката и прегледајте ја. При прегледот во полето за внес на код на купувач, внесете еден од кодовите KupivOdPepi, KupivOdKate, KupivOdGorde, KupivOdMariche, KupivOdAnabela. Така, тие ќе знаат дека сте нивен верен купувач.