За да го подобриме менталното здравје, прво треба да знаеме што е
Менталното здравје влијае на тоа како човекот размислува, чувствува, дејствува и се однесува во секојдневниот живот. Исто така, влијае на способноста да се справи со стресот, да ги надмине предизвиците, и да гради односи со другите луѓе околу себе.
Иако термините често се користат наизменично, лошото ментално здравје и менталната болест не е едно исто. Едно лице може да има лошо ментално здравје и да не му е дијагностицирана ментална болест. Слично на тоа, лицето на кое му е дијагностицирана ментална болест може да доживее периоди на добра физичка и ментална благосостојба.
Менталното здравје е важно во секоја фаза од животот, од детството и адолесценцијата до зрелоста. Проблемите со менталното здравје се чести, но има достапна помош и поддршка. Луѓето со проблеми со менталното здравје може да се подобрат и многумина целосно се опоравуваат. Затоа е важно да се знаат некои работи што можат да се направат за да се подобри менталното здравје.
Физичка активност и престој во природа
Не само што е одлично за физичкото здравје, туку физичката активност и активноста во природа можат позитивно да влијаат на подобрување на менталното здравје.
Секојдневното поминување време надвор на сонце помага во ублажување на тагата, напнатоста и грижата.
Исхрана
Храната може да направи голема разлика. Исхраната богата со овошје, зеленчук, житарки и семиња помага да се заштити менталното здравје.
Доволно сон
Спиењето е исто така важно не само за физичкото, туку и за менталното здравје.
Дружење
Комуникацијата со луѓето е важен аспект за одржување на здрав начин на живот. Со избегнување на осаменост и непријатни чувства, дружењето со луѓе може да им помогне на луѓето да се чувствуваат подобро.
Хоби
Луѓето со хоби имаат помала веројатност да страдаат од стрес, лошо расположение или депресија. Активностите што ги прават луѓето среќни можат да им помогнат да се чувствуваат опуштено.
Кога сме ментално здрави, уживаме во нашиот живот и околина, како и со луѓето во неа. Можеме да бидеме креативни, да учиме и да пробуваме нови работи.
Авторка на текст и илустрациja: Aнгела Тошева, средношколка и волонтерка во „Лице в лице“.