Доза вести

Завршна конференција на „Пилот- проектот за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“

Завршна конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, ќе се одржи на 18 декември во Скопје, во организација на Здружението Новинари за човекови права во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ- Австрија.
На завршната конференција ќе се промовира веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца, najdime.org.mk, на три јазици, македонски, албански и ромски јазик, која фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи. Воедно ќе се промовираат и останатите постигнувања од проектните активности во изминатите две и пол години, препораките до институциите, а со сите засегнати чинители, претставниците на институциите, бизнисите, експертите, ќе се продискутира и за бенефитот од размената на искуства, олеснетата меѓуинституционална размена на информации и поддршката на системот за алармирање за да се намали ризикот од исчезнување на децата и да се забрза процесот на наоѓање.
Воедно ќе се продискутира и за начините на интензивирање на досегашната соработка во рамки на „Пилот проект за систем за рано предупредување на исчезнати деца“ кој вклучува различни засегнати страни (јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, медиумите) со цел непречено функционирање на системо за алармирање и по завршувањето на овој проектен циклус.
Проектот се спроведува во периодот од 1 јули 2021 година- 31 декември 2023 година, со финансиска поддршка од Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.
Повеќе информации на  [email protected] или на телефон: 071/359939.

Photo: Freepik

Напишете коментар