Доза вести

Завршна конференција за социјално претприемништво во Крива Паланка

АРНО  ги повикува сите кои се заинтересирани за социјалното претприемништво, да учествуваат на завршната конференција од прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“, што ќе се случува на 16 март во Europe House, Крива Паланка.
Доколку сакате да присуствувате се што треба да направите е да го пополните овој краток формулар, најдоцна до 14 март, до 17ч. 

Бидејќи настанот се случува надвор од Скопје, АРНО нуди организиран автобуски превоз од Скопје до Крива Паланка. Планирано е тргнување со автобус во 8 ч и пристигнување во Крива Паланка во 10.15, додека враќањето е планирано истиот ден во 17 ч

Сите трошоци се покриени.

Што ќе се случува на конференцијата?

  • Воведнo обраќање на Амбасадорот на Европска Унија на Р.С.Македонија г-н Дејвид Гир (чекаме дополнителна потврда);
  • Садење на еко-картички со семе од пркос (промотивен материјал на проектот);
  • Ќе се одржат  две панел дискусии каде ќе зборуваат актери од социјалното претприемништво на тема: „Можностите помеѓу двете страни на границата (Србија и С.Македонија)”. Меѓу говорниците ќе бидат: Барбара Садовска (тим лидерка на проектот на Ептица- Поддршка на социјалните претпријатија во С. Македонија), Нола Исмајлоска Старов (Национален координатор на регионална соработка и европски интеграции), Зорана Миловановиќ (Коалиција за развој на солидарна економија Р.Србија) и други;
  • Ќе имате и можност да ги слушнете и искуствата и идеите на наградените учесници на академијата за социјално претприемништво која се спроведе во рамките на овој проект.
  • Коктел и неформално вмрежување 

Проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ се спроведува во партнерство на здруженијата “АРНО” од Северна Македонија, Оптимист од Република Србија и Tраг фондација (координатор) финансиран од Европската унија преку Секторот за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020).

Напишете коментар