Доза вести

10 години НМСМ – Деценија на заедничка акција, застапување и промени за младите

По повод десетгодишнината од постоењето и работата, Националниот младински совет на Македонија организира конференција на тема „10 години НМСМ: Деценија на заедничка акција, застапување и промени за младите“, која ќе се одржи на 29 јуни 2023 (четврток), со почеток во 09.30 часот, во хотел Александар Палас во Скопје.
Настанот ќе ги истакне и одбележи постигнатите успеси на НМСМ и ќе го препознае придонесот на организациите – членки, партнери и пријатели.
Конференцијата ќе ја отворат Филип Ивковски, в.д. претседател на НМСМ и Мариана Ангелова, генерален секретар на НМСМ, а голем број на учесници ќе говорат повеќе за своите искуства и придонес во успешното работење на НМСМ, во рамките на два панела:
🔹 Панел I: Од декларативно кон суштинско младинско учество
🔹 Панел II: Младински решенија за младинските предизвици
Планирано е и обраќања од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Агендата на настанот е достапна на следниот линк.

Напишете коментар