Доза вести

„Лице в лице“ учесник на јавниот настан на Цивил: „Преку почитување на различностите до справување со дискриминацијата“

Време на читање: < 1 минута

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема, „Преку  почитување на различностите  до справување со дискриминацијата“ на 21 септември ( вторник), во 13, 30 часот, во мултимедијалниот Центар на Организацијата кај Бизнис центарот „Палома Бјанка“.

Тема на панелот е институционалната, медиумска и општествена (родова, етничка, социјална) (не)дискриминација, колку се почитуваат различностите во институциите, медиумите и во општеството, како до подобра комуникација помеѓу различни групи и заедници, препорака за практики за недискриминација во сите наброени аспекти.

Учесници на панелот ќе бидат Маја Раванска, одговорна уредничка во уличното списание „Лице в лице“, и активистот Гуѕим Нухиу.

Настанот ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а содржините од панелот ќе бидат објавени на ЦИВИЛ МЕДИА медиумската платформа на Организацијата, на македонски, албански и англиски јазик.

Панелот е дел од проектот „Направи разлика, почитувај ги различностите“, во соработка со Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Напишете коментар