Под мотото „Скопје чита“, од денеска до 12 септември, во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи првото издание на Фестивалот на книгата.
Како што соопштија организаторите, фестивалот претставува манифестација посветенa на книгата во посебна атмосфера, проследенa со музичка програма во попладневните часови, каде посетителите ќе може да уживаат во дружење зачинето со одлична програма. На Фестивалот на книгата на околу 2.000m² изложбена површина ќе се претстават 30-тина најголеми издавачки куќи, а се очекува посета од 15 000 посетители.
-Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца, велат организаторите.
Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.