Институтот за комуникациски студии (ИКС) организира бесплатна дводневна обука „Како да се проучуваат дезинформациите кај децата и младите?“, што ќе се одржи на 28 и 29 септември во хотел „Солун“.
На обуката се учи за различните форми на дезинформациите и како младите се справуваат со нив, како можете да дизајнирате сопствено истражување за дезинформации и млади или да креирате едукативни материјали со кои ќе ги подобрите вештините за критичко размислување на младите луѓе, но и како да ги вклучувате во вашиот проект и да комуницирате со нив за вашето истражување. Обуката ќе ја води д-р Јан Бозман, кој е виш истражувач и предавач на Универзитетот за применети науки Артевелде, Белгија. Неговите истражувања моментално се фокусирани на користењето на вестите и дезинформациите кај децата и адолесцентите.
Обуката е наменета за (млади) истражувачи, наставници, претставници на невладини организации и сите оние кои сакаат да се занимаваат со дезинформациите и/или младите луѓе. За успешно завршената обука, учесниците ќе стекнат сертификат од Институтот за комуникациски студии.
Пријавувањето е до 21 септември (четврток) на овој линк.
За учесниците кои ќе доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат покриени трошоците за пат и сместување.
Photo: Freepik