Магазин

Ќе се враќаме ли на село?

Време на читање: < 1 минута

Трајче Путиќ и шармот на Чучер Сандево, со #МилиметритеНаМакедонија.


Тука традицијата се сретнува со модерното време, вели Трајче Путиќ, пензионер од Чучер Сандево Тој уверува дека за неколку години ќе има значително враќање во руралните средини бидејќи на луѓето им е потребен едоставниот живот и чистиот воздух кој го нудат руралните средини.


Чучер Сандево е синоним за балансиран живот. Во природа е, а е близу до главниот град. Тука жителите го уживаат спокојството на селото, а не ја жртвуваат удобноста на големиот град.
Според Путиќ она што не ги одвраќа младите од Чучер Сандево, е постојаниот развој на општината. Тука се отвораат градинки и училишта, а не е изоставен и делот за забава. Отворањето на кафулето со базен и на Културниот дом обезбеди непречено дружење помеѓу жителите.


Размислувањата на Трајче споделени за #МилиметритеНаМакедонија ни оставија силен впечаток. Неговата визија за иднината е заснована на препознавање на вредностите на македонските села. И додека ја слушаме неговата визија, дека за неколку години многумина ќе сакаат на село, со нетрпение очекуваме да сме сведоци на исполнување на неговите предвидувања!

Напишете коментар