Доза вести

Седум земји и тројца авантуристи на велосипед

Филип Илиоски, Христијан Мојсоски и Влатко Крстевски членовите на Маркови Точакџии, здружение на спортисти од Прилеп успешно завршија тура на велосипеди која започна од Швајцарија течеше низ седум земји за да заврши во Македонија. Нивното искуство се заснова на 13 денови возење и два дена полнење на батериите.

За овие храбри дечки не е изненадување снегот на Алпите во Јуни и ниските температури во Словенија кои ги принудуваат 110 километри да возат на студ и дожд. Овие авантуристи патувањето го реализираа 20% со помош од компании од Прилеп и пријатели од Цирих, Швајцарија и 80% од сопствениот џеб!

Од секој од нив имаме кратка порака за вас, лицата кои сеуште чекате да дојде утре за да ги исполните вашите соништа:

„Едноставно треба да имаш цел ако навистина сакаш нешто; сè е возможно. Потребна е желба, голема одлучност и упорност, но што е најважно, треба да ја сакаш таа работа“, Филип Илиоски.

„Мотивацијата се одржува преку дисциплина, да се има цел и да се оди кон исполнување на истата“ Христијан Мојсоски.

„Купете добар велосипед, добра кацига и носете голема торба за собирање на добро искуство“, Влатко Крстевски.

Напишете коментар