Актуелно, Доза вести, Свое лично искуство

Надмината стигма – пат до подобро ментално здравје. Сподели ги своите ставови и искуства

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Стигмата околу менталното здравје е сериозен проблем, особено кај младите. Намалувањето на оваа стигма може да се постигне преку различни методи. Еден од најважните начини е да се охрабрат луѓето да зборуваат отворено за своите искуства и чувства. Медиумите и социјалните мрежи играат значајна улога во ова, преку кампањи кои промовираат разбирање и прифаќање. Воспитно-образовните институции, како училиштата, можат да организираат предавања и активности кои ќе ги едуцираат младите за менталното здравје. Работните места исто така можат да бидат места каде што се организираат предавања и работилници за оваа тема.

Менталното здравје е важна тема која заслужува внимание и разбирање. Многу луѓе и не знаат каде да се обратат кога ќе се соочат со проблеми од овој вид. Потребно е да се обезбедат информации и ресурси кои ќе ги упатат до психолози, матични лекари, психијатри или други релевантни професионалци. 

Со цел да поттикнеме позитивни промени во оваа сфера, би сакале да ги слушнеме/прочитаме вашите ставови, и искуствени, но, и предлози како може да биде унапредена борбата за подобро ментално здравје кај сите. 

Прашалникот е анонимен, одговорите се безбедни и шифрирани, без лични податоци (освен ако вие сакате да ни оставите контакт телефон и мејл).
Собраните информации ќе ги употребиме за да креираме содржини кои ќе бидат достапни на каналите на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“.
Можете да нè контактирате на [email protected], или на социјалните мрежи https://www.instagram.com/licevlice/
https://www.facebook.com/LiceVLice

- банер -

Благодарност за одлуката да учествувате со вашите одговори и искуства!

Клик до прашалникот 🙂

Photo: Freepik

Напишете коментар