Кога Центарот за интеграција и поддршка (SIEC) го започна своето делување во 2017 година идејата изгледаше едноставна – да се претвори отпадот во нешто корисно. Сè започна со стар, фрлен банер, кој наместо да заврши на депонија, беше претворен во уникатен ранец со дизајнерски печат. Оваа иновативна и одржлива визија предизвика интерес и поддршка, и ја отвори вратата за развој на цела палета производи од отпадни материјали. Нивните дизајни станаа познати по својата единственост и заедничката мисија – намалување на отпадот и поддршка на локалната заедница.
Денес, оваа идеја, не само што успева да создава стилски и практични производи, туку оди чекор подалеку. Нивните креации, кои се пример за одржлива мода, неодамна беа дел од „Fashion weekend Skopje“ каде тимот на SIEC ja одржа својата прва модна ревија. Настанот ги обедини поддржувачите на одржливата мода и истакна како нивната иницијатива прерасна од обичен концепт во професионална модна колекција која носи еколошка и општествена вредност.
– Сакаме да ја разбиеме стигмата околу користената облека, особено во балканскиот регион, каде што многу луѓе претпочитаат да купуваат нови, брендирани артикли. Наместо тоа, би можеле да изберат повеќе еколошки опции. Задоволна сум што поновите генерации се поотворени за винтиџ изгледот и имаат свесност за пренамена на предметите, вели Гордана Родиќ Китановска, лидерка на Центарот за интеграција и поддршка.
Овој пример е потврда дека социјалните претпријатија можат да бидат успешни и дека малите идеи можат да пораснат и да завршат на големите сцени.
Фотографиите се од модната ревија на SIEC.
Знаете ли за повеќе вакви идеи во вашата околина?
Што ако вие сте следната „Greystone Bakery“, која од мала иницијатива за тешковработливи лица каде не е важна нивната историја и CV, се преточува во вистински бренд? Или, што ако вие сте европските „Too Good To Go“, кои со апликација ги поврзуваат продавниците и производителите на храна со купувачи и храната која инаку би завршила како отпад, се продава и се употребува?
Знаете каде може да побарате поддршка?
Да почнеме од овде! Пишете ни и вклучете се! https://licevlice.mk/vkluchi-se/
Објавата е во дел од проектот Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемaштво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
- Растот почнува со доверба: Како менторството го промени животот на една млада мајка
- Ни треба противотров од штетната употреба на социјалните медиуми
- Почина писателката Оливера Николова
- Како започнавме и каде сме денес: Како се развива одржлив моден бренд?
- Најголем предизвик за младите денес е да живеат во реалноста