Отворен повик: Испратете го вашиот зборотвор и станете дел од првата „Зборотворба на годината“

Во септември 2025 година, Македонија ќе биде домаќин на првата манифестација од ваков вид, насловена „Зборотворба на годината“, настан со прогресивен и културен карактер што има за цел да ја поттикне јазичната креативност и да го збогати македонскиот јазик со нови зборови.
Од базенот на зборови што веќе ги имаат испратено следбеници и поддржувачи на „Зборци“, здружението кое има за цел да создава и промовира нови зборови во македонскиот јазик, на 13 септември 2025 година, ќе биде избран „Зборот на годината“. Овој избор не е само симболичен, туку е почеток на една нова, слободна и креативна динамика во јазичниот развој, инспирирана од самите граѓани.

Повикот за испраќање нови зборови е отворен до 01.09.2025

Вашите зборови можете да ги испратите на инстаграм страницата на „Зборци“.
- АКТО фестивалот: 20 години современа уметност и слобода на јавниот простор
- Скопје џез фестивал започнува на 16 октомври
- Џифони Македонија 2025: Младите од осум земји со филмови, работилници и креативни средби
- Започна теренската работа за Гаранција за млади: Поддршка за младите кон работа, обука или практикантство
- Розев октомври: Аукција на ексклузивна мода за борба против ракот на дојка