Ова е година полна предизвици. Нѐ задржува да останеме дома, со цел да го заштитиме сопственото и здравјето на блиските. Но, ајде тоа време да го исполниме креативно и забавно! Можеме да помогнеме во тоа!
За сите деца до 12 години организираме повик за дизајн на Новогодишна честитка, која ќе ги впие најубавите желби и замисли за следната година!
Вашите дизајни/цртежи/креации (во скенирана форма), можете да ги испраќате на мејлот: [email protected], а за најдоброто решение ќе одлучува тим од дизајнери и фотографи, но, и публиката на „Лице в лице“.
Финалниот избор ќе има можност да биде објавен на страниците во декемвриското издание на „Лице в лице“, а галерија од пристигнатите решенија ќе објавиме на дигиталната платформа, (достапна на kupi.licevlice.mk).
Трите, пак, најдобри решенија ќе добијат и годишна претплата на „Лице в лице“.
Во овој поход ни се придружува и издавачката куќа Literatura.mk, која првите петмина ќе ги награди со книги од својата понуда за детска литература. ?
Драги родители и наставници, тука и вие сте на потег! ☺ Информирајте ги вашите деца и ученици за овој повик, поттикнете ги да создаваат, малку и да се натпреваруваат, и помогнете им со испраќањето на креацијата. При испраќање на цртежот, задолжително наведете име/презиме и возраст на младиот автор/авторка 🙂
Драги деца, помислете на идејата за Новогодишна честитка, подгответе ги боичките, и, на работа! 🙂
Крајниот рок на повикот е 30 ноември! И да, споделете го и со вашите пријатели! ^_^
Забавувајте се! ☺
*Едно дете може да испрати најмногу три дизајна/цртежа
*Ѕирнете ги честитките кои „Лице в лице“ ги имаше изминатата година, може да ви послужат како инспирација: https://bit.ly/3pBEimT