Доза вести

Новогодишни „Лице в лице“ честитки: сплотени и од далечина

Во годината која изминува, секој од нас, научи барем по една важна животна лекција за солидарноста кон другиот, за хуманоста за ранливите групи сограѓани, но и вредноста на времето поминато заедно со нашите блиски. „Лице в лице” и оваа година е тука да ве израдува вас и вашите најмили – преку новогодишните мотиви на македонските автори чие празнично доживување е проткаено низ самите илустрации. 

Вашиот импакт со купување на „Лице в лице” честитките:

*Станувате активен чинител во развојот на социјалната економија во земјава оддржувате инклузивни програми наменети за ранливи сограѓани
*Практикувате одржливи решенија: честитките се од рециклирана хартија
*Се вклучувате во движење за одговорна иднина  
*Промовирате македонски уметници

Собраните средства ќе бидат наменети за  социјалната иновација: Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.  

Доколку, пак, купите честитка од продавач на улица,  половина од продажната цена е наменета како негова/нејзина директна поддршка (истиот принцип како и со списанието, 50/50).

Информации и нарачка на [email protected] и 078/337318 

Напишете коментар