Актуелно

СПЛОТЕНИ И ОД ДАЛЕЧИНА- НОВОГОДИШНИ „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ ЧЕСТИТКИ

Во годината која изминува, секој од нас научи барем по една важна животна лекција за солидарноста кон другиот, за хуманоста за ранливите групи сограѓани, но и вредноста на времето поминато заедно со нашите блиски. „Лице в лице” и оваа година е тука да ве израдува вас и вашите најмили – преку новогодишните мотиви на македонските автори чие празнично доживување е проткаено низ самите илустрации. 

Вашиот импакт со купување на „Лице в лице” честитките:

*Станувате активен чинител во развојот на социјалната економија во земјава, поддржувате инклузивни програми наменети за ранливи сограѓани
*Практикувате одржливи решенија: честитките се од рециклирана хартија
*Се вклучувате во движење за одговорна иднина  
*Промовирате македонски уметници

Освен во печатена, мотивите се достапни и во дигитална верзија, а дел се направени и како анимирани честитки.


Собраните средства ќе бидат наменети за социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.  
Доколку, пак, купите честитка од продавач на улица, половина од продажната цена е наменета како негова /нејзина директна поддршка – истиот принцип како и со списанието, 50/50.

Информации и нарачка тука, или на на [email protected] и 078/337318 

Напишете коментар