Доза вести

Challenger: Сакаме да ги мотивираме вработените да се грижат за своето здравје!

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Поголема грижа за животната средина и за здравјето, поттикнување на тимскиот дух, како и придонес кон едукација и мотивирање на заедницата за одговорно однесување, во согласност со целите на одржлив развој.

Ова се накусо целите кои го носи новата заедничка иницијатива на Challenger и Триглав осигурување, преку која ќе се одговара на предизвикот за заштеда на 365 тони на емисии на CO2.

-Поттикнати од потребата за намалување на штетните емисии и за почиста животна средина, одлучивме да направиме чекор повеќе и директно да бидеме дел од промената, да ги мотивираме вработените да практикуваат здрави навики и да ги заменат своите автомобили со пешачење или возење велосипед како до работното место, така и во слободното време, велат од Challenger.

Најактивните учесници ќе имаат можност да освојат награди на месечно ниво, додека пак тимот на компанијата со најголем придонес кон зададената цел – заштеда на 365 тони емисии на CO2 во текот на една година, ќе ја добие првата награда.

- банер -

– Кога сите зборуваат за проблемите, ние одлучивме да ги мотивираме компаниите да бидат дел од промените. Ова партнерство е вистински пример на синергија помеѓу корпорација и стартап кога се има една заедничка цел, а тоа е да ги мотивираме вработените да се грижат за своето здравје и животна средина и тоа преку промена или подобрување на нивните секојдневни навики. Пресреќни сме дека градиме платформа која ги обединува компаниите заедно да работат кон иста цел, а тоа е поздрави вработени и помалку CO2 емисии во воздухот, вели Олга Рајчиќ, ко-основач на Challenger.

Фото: Freepik

Напишете коментар