Час по родови прашања – нова кампања на „Лице в лице“
Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ отпочнува кампања која цели кон унапредување на родовата рамноправност, преку содржини кои ги објавува на веб сајтот и на социјалните мрежи.
Кампањата отпочна со почетокот на меѓународната кампања „16 Дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ која се одржува од 25-ти ноември до 10-ти декември, продолжи и по овој период на 16 дена активизам, а се заокружи со 42. издание на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“, кое излезе во февруари 2023 година.
Повеќе на овој линк
„Лице в лице“ во континуитет креира написи чија цел е да подигнуваaт свест за борба против насилството, да укажуваат на важноста од препознавање, но, и како да се преземе акција против него, и да се обезбеди поддршка на жените.
Во таа насока се подготвени и „Добрите картички“ на #Лицевлице кои периодов може да бидат одличен подарок и потсетник меѓу нас за тоа дека женските прашања не се само предизвици за жените, туку за сите нас. Првата едиција „Добри картички“ е креирана во соработка со нашата позната дизајнерка, Ружица Мандичевска – Руки Чуки.
„Силно веруваме дека пораките од #ДобритеКартички ќе донесат гласност во борбата против (не)видливата дискриминација, но, и ќе ја поттикнат грижата за себе кај жените!“, велат од „Лице в лице“.
Објавени содржини во рамки на кампањата:
Интернетот – опасен простор за насилство и вознемирување
Женските прашања – инспирација на дизајнерката Руки Чуки
Жените од руралните средини (не)препознатливи хероини во развојот на заедницата
Социјалното менторство ми донесе нов свет, поинаков од тој каде претходно чекорев
Социјалното менторство ми донесе нов свет, поинаков од тој каде претходно чекорев
Социјалното менторство успешно ги интегрира на пазарот на трудот жените кои преживеале насилство
Далеку од насилната средина, а близу до децата и до живот каков што посакувам
Од насилство и депресија, до успешен бизнис
Жените не се повеќе жртви, туку победнички!
Кога работата е единствен дозволен излез од дома
„Препознај. Блокирај. Пријави“ – стартуваат 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња
Гостување на МТВ за темата економско зајакнување на жени кои преживеале насилство
Реобјава: Заклучени заедно
Реобјава: Прво ме тепаа таткото и сопругот, потоа системот
Вебинар „Gender Inclusion: Thematic Webinars on Inclusive Innovations“ – во организација на Европската мрежа за инклузивни иновации.
Реобјава: Превенцијата на сајбер сексуално насилство треба да почне од училиште
Реобјава: Неопходно е да направиме многуаголник на поддршка на жените жртви на семејно насилство!
Содржините на оваа кампања е во рамки на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жрви на насилство“, што го спроведува „Паблик“, во партнерство со Un Women Скопје, преку Регионалната програма на Европската унија и UN Women „Спречување насилството врз жените и девојките во западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, која е финансирана од Европската унија.