Доза вести

Да се погрижиме за планетата Земја

Уличното списание за одржлив развој, „Лице в лице“ вчера гостуваше на настанот „Психолошки муабети“ во организација на „Мој психолог“, иницијатива на Бојана Стојменовиќ, дипломиран психолог, семеен и системски советник.

Целта на учеството на „Лице в лице“ беше претставување на мисијата и визијата на платформата во чии рамки функционира списнието но, и поблиско запознавање со продавачите на уличното списание, овој пат од редовите на „Порака Неготино“ од Волково.

– Кога се подготвуваме наутро, освен што ќе посветиме време и енергија на својот изглед, треба да се погрижиме и за планетата. Мило ми е што се обраќаме на индивидуалци кои вложуваат енергија и грижа за своето ментално, но и целокупно здравје. Нашето списанеи носи порака: Купувајќи „Лице в лице, давате поддршка на многумина, читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си. Освен елементи за грижата за себе, „Лице в лице“ нуди и практични, јасни, едноставни примери како да делуваме, да се вложиме во нашата средина, локална заедница, луѓето што ни значат, а во тој процес, заедно да растеме, да учиме и да го унапредуваме и развиваме општеството – изјави во своето излагање Maja Раванска, уредничка на списанието „Лице в Лице“.Продавачите на „Лице в лице“ се микро-претприемачи, кои неуморно ги градат своите капацитети со вредности кои значат одговорност и посветеност во работењето.

Марица, Кате и Анабела беа претставени како суперхеројки, жени кои ги надминуваат своите предизвици, вредно и посветено продавајќи го „Лице в лице“. Тие се и одговорни членови на заедницата во која живеат, грижејќи се за своите цимери и колеги и за целото домаќинство.

Отсега списанието „Лице в лице“ ќе биде достапно на сите идни настани во организација на „Мој психолог“. Фотографии од настанот можете да најдете на линков а повеќе информации за целата мисија платформата за одржлив развој „Лице в лице“ во видеото.Фотографии: Ема Тодоровска

Напишете коментар