Доза вести

Да зборуваме за суштината!

Пандемијата ни покажа многу јасно каде се слабите страни на образовниот систем и дека „крутоста не е карактеристика на образованието на 21. век“. Актуелното, 42. издание на „Лице в лице“ става акцент на важноста на образованието, собра ставови и размислувања на бројни експерти, наставници, ученици, креатори на политики…

Со цел сите заедно да придонесеме кон чекорите на промена и развој на подобар образовен систем, но, и кон развој на општеството, вклучуваме наши читатели – бројни поддржувачи и соработници, преку видео порака, да ги споделат своите видувања на оваа тема, инспирирани од најновиот број на „Лице в лице“, посветен на образованието.

Водени од тоа, ве повикуваме и вас, читателите на „Лице в лице“, да се вклучите во оваа иницијатива. Слободно бидете креативни.
Изберете текст од актуелното издание на „Лице в лице“, кое ја носи темата „Образование од иднината“ и снимете кусо (селфи) видео. Прочитајте на глас дел кој ви е интересен, а потоа кажете ни и зошто читате „Лице в лице“.

Видеото треба да е кусо, до две минути. Може да го испратите во инбокс на нашиот социјални мрежи, или на [email protected].

Видеата кои ќе ни пристигнат,  ќе ги споделуваме на социјалните мрежи.
Веруваме дека заложбите за изнесување на важните прашања за оваа тема, ќе предизвикаат некакви поместувања, ќе делуваат инспиративно, мотивирачки за сите нас.

Ве очекуваме. 

Напишете коментар