Доза вести

Дали социјалните медиуми му штетат или го унапредуваат менталното здравје на младите? (Дискусија на Филозофскиот факултет во Скопје)

Дискусија за менталното здравје на младите и социјалните медиуми, во организација на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи на 20 април – на Филозофскиот факултет во Скопје.
Панелистите ќе се обидат да дадат одговор на главното прашање: Дали социјалните медиуми му штетат или го унапредуваат менаталното здравје на младите?
Настанот е од отворен тип и ќе започне во 12 часот. Сите заинтересирани за присуство треба да го пополнат формуларот за регистрација надоцна до среда 14 часот.
Присутните учесници по завршување на настанот ќе добијат сертификат за учество.

Напишете коментар